Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одборот на доверители на БИП ја прифати понудата на компанијата M-6 Еден

Одборот на доверители на БИП ја прифати понудата на компанијата M-6 Еден

Одборот на доверители на БИП ја прифати понудата на компанијата „М-6 Еден“, со што таа стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП).

„М-6 Еден“на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница. Во наредниот период ќе бидат задржани вработените, согласно договорените услови.

Во следните фази се предвидува развој на бизнисот и унaпредување на работењето на компанијата. Подетално за развојните планови јавноста ќе биде запознаена наскоро.

Македонската компанија „M-6 Еден” е во сопственост на Светозар Јаневски, кој истовремено е мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“. Господинот Јаневски, меѓу останатото, има и исклучително богато искуство и познавања за пивската индустрија во регионот и пошироко.     

Слично

Поврзани вести