Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре почнува скијачката сезона на Попова Шапка-првиот ден бесплатно!

Од утре почнува скијачката сезона на Попова Шапка-првиот ден бесплатно!

Од утре, 14 јануари 2016 година почнува скијачката сезона на Попова Шапка.

Традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно.

Во изминатиот период спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на скијачката сезона, а во текот на вчерашниот ден заврши уредувањето и обележување на постојните патеки. Нашиот најголем скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените.

Утрешното скијање започнува во 9 часот наутро, а во функција ќе бидат ставени двете жичници – „Церипашина“ и „Св.Илија“. Од 15 јануари 2016 година ќе важат вообичаените цени за ски билети.

Дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, а билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари.

За младите скијачи до 12 годишна возраст билетот ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари. Хотелските капацитети се подготвени за сместување на гостите.

Во моментов на располагање се 120 легла во „Славија“ и 160 легла во „Попова Шапка“.

Слично

Поврзани вести