Од стан украдени илјадници евра, долари, денари и златен накит
Во текот на вчерашниот ден од стан во главниот град се украдени накит и пари.
Имено, непознат сторител со алат на на Бул.„АСНОМ“ во Скопје извршил кражба на стан откаде што одзел златен накит, 4.750 американски долари, 3.000 евра, 80.000 денари и се стекнал со противправна корист од околу 2.000.000 денари.
Надлежните преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.
Слично
