Од средината на јуни бесплатен паркинг за жителите на Центар
Од средината на јуни годинава жителите на општина Центар ќе имаат бесплатен паркинг, без разлика каде живеат, најави денеска новиот директор на ЈП Паркинзи-Центар Саша Богдановиќ.
Според првичните анализи, како што рече, ова нема да биде дополнително оптоварување за буџетот.
Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Андреј Жерновски рече дека за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ одговор може да се добие од Комисијата која е формирана. Информира дека денеска упатил барање и Државниот завод да направи ревизија.
- Одлично е ако Државниот завод тоа го направи за четири дена, рече Жерновски и додаде оти двајцата членови на Комисијата се стручњаци, признати во земјава и во странство.
Тие, како што рече, беа членови на Антикорупциската комисија, која доби позитивни критики од тогашната опозиција и власт.
