Од марш за унапредени права до уникатна фестивалска магија: ПроКредит Банка со поддршка на првиот фестивалски викенд од 5. Инфјужн фестивал
Како долгогодишен партнер на иницијативите кои носат убави промени во заедницата, ПроКредит Банка преку ПроАктив платформата со гордост ја даде својата поддршка на првиот фестивалски викенд од јубилејното, петто издание на Инфјужн фестивалот. Изминатава сабота, преку симболичен активизам, друштвени игри, музика и волонтерски ентузијазам, заеднички испративме гласна порака: инклузијата не е само цел кон која стремиме, туку вредност која секојдневно ја живееме.
Првиот фестивалски ден започна со „Марш на Исклучените“. Долж булеварот Илинден, учесниците симболично маршираа со заедничка цел – поголема вклученост на лицата со попречености. Маршот заврши во Градскиот парк, каде уште еднаш се потврди дека градењето на праведно и инклузивно општество бара ангажман од секој поединец.


По маршот, позитивната енергија се префрли на летната сцена „Лепеза“, каде посетителите уживаа во богата, едукативна и забавна програма. Присутните се забавуваа во светот на VR технологијата, а одличната атмосфера беше надополнета со разновидни друштвени игри. За вистинскиот фестивалски ритам беа задолжени DJ Ficho, Александар Тарабунов, како и младиот и талентиран бенд „Илија и Дивите“, кои со својот настап ја наполнија сцената со препознатлива енергија.Тука беше и штандот на фестивалот, каде секој заинтересиран можеше да си купи од препознатливите маички, алки и други изработки од фестивалот.


Посебен белег на целиот настан дадоа вработените од ПроКредит Банка, кои преку својот препознатлив волонтерски дух беа активни на терен во текот на целиот ден. Заедно со Здружението „Икуалити“ и останатите посветени волонтери, тимот на ПроКредит неуморно работеше на логистичката поддршка, придонесувајќи секој посетител да се чувствува добредојдено.
„Среќни сме што нашиот тим и оваа година е директно вклучен на терен, поддржувајќи го Инфјужн фестивалот. Преку ПроАктив и нашиот волонтерски ангажман сакаме да дадеме личен пример, но пред сè, во партнерство со здружението „Икуалити“, да помогнеме оваа фестивалска магија да биде беспрекорно организирана и достапна за сите“, изјавија од ПроКредит Банка.

Инфјужн фестивалот продолжува веќе следната сабота, на 13 јуни, со уште побогата содржина, многу музика и нови инспиративни активности кои ја слават различноста. ПроКредит Банка преку ПроАктив платформата останува во првите редови на оваа иницијатива, повикувајќи ги сите граѓани да се приклучат и заедно да ја шират убавата енергија низ Скопје.

Погледнете повеќе за програмата на следниот линк.
ПР објава