Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од мај турски „Суташ“ започнува со производство

Од мај турски „Суташ“ започнува со производство
Производствениот капацитет на „Суташ“ во Македонија денеска го посети вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Турски „Суташ“ според најавите  ќе започне со производство во мај годинава. - Со ова очекуваме долгогодишната сага на Сведмилк да биде успешно завршена. Се работи  за најголемата млекара во Турција со обрт од над 500 милиони евра. Инвеститор кој го знае бизносот и има огромно искуство  во сите сегменти и одлично портфолио на производи кои во Македонија ќе бидат со навистина добар квалитет, изјави Пешевски. „Балканска млекара“ на почетокот  планира да произведува 45 тони млеко дневно, а капацитетот на фабриката е 180 тони млеко на ден.
Слично

Поврзани вести