Од локален снабдувач до една од најбрзо растечките компании на пазарот: Како ЕДС ја гради својата лидерска позиција
Во период кога енергетскиот сектор продолжува да се соочува со нестабилност и брзи промени, компаниите сè повеќе ја препознаваат вредноста на сигурниот партнер. Токму довербата на клиентите е двигателот на растот што ЕДС го оствари во изминатите 18 месеци – период во кој компанијата го зголеми тројно бројот на клиенти и го зголеми својот пазарен удел според последните податоци од мај годинава на 22,4 проценти што означува значителен раст кој не вбројува во најбрзо растечките компании на пазарот.
Денес, ЕДС снабдува повеќе од 10.500 мерни места и обезбедува електрична енергија за над 3.000компании од различни сектори, потврдувајќи ја својата позиција како еден од најдинамичните снабдувачи на слободниот пазар на електрична енергија.

„Растот што го постигнавме не е случаен. Тој е резултат на конзистентна стратегија, конкурентни производи, силен фокус на потребите на клиентите и пред сè – довербата што компаниите ја имаат во ЕДС. Денес бизнисите не бараат само најниска цена, туку стабилност, сигурност и партнер кој ќе им помогне полесно да ги планираат своите трошоци и развој“, вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.
Дел од стратегијата на една од најголемите енергетски групации во регионот
Зад растот на ЕДС стои и силната поддршка на PPC Group – најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, која во последните години реализира интензивна трансформација кон современа PowerTech компанија.
Во рамки на својата стратегија до 2027 година, PPC Group инвестира милијарди евра во изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, батериски системи за складирање на енергија, дигитализација на енергетските услуги и модернизација на електродистрибутивните мрежи. Компанијата забрзано го проширува своето портфолио на соларни и ветерни електрани, развива иновативни решенија за клиентите и ја зацврстува својата позиција како лидер во енергетската транзиција во Југоисточна и Централна Европа.

Овој развој се рефлектира и во финансиските резултати на групацијата. PPC Group континуирано бележи раст на приходите и профитабилноста, додека инвестициите се насочени кон создавање енергетски систем заснован на обновливи извори, дигитални технологии и одржливи решенија за милиони корисници во регионот.
За ЕДС, членството во PPC Group значи пристап до најсовремени технологии, регионална експертиза и силна корпоративна поддршка, што овозможува на македонскиот пазар да понуди производи и услуги усогласени со најновите европски трендови во енергетиката.
„Членството во PPC Group ни овозможува да ја комбинираме локалната експертиза со знаењето, ресурсите и искуството на регионален лидер. Тоа претставува огромна предност за нашите клиенти, бидејќи добиваат локален партнер кој е дел од една силна европска енергетска групација. Во исто време, ни овозможува континуирано да воведуваме нови производи, дигитални услуги и одржливи решенија кои ќе одговорат на идните потреби на бизнис заедницата“, истакнува Сарџовски.

Стабилноста станува најважниот производ
Иако цената останува значаен фактор, искуствата од последните неколку години покажаа дека компаниите сè повеќе ја вреднуваат предвидливоста на трошоците.
Токму затоа ЕДС ја разви понудата со гарантирана фиксна цена на електричната енергија за период од 24 месеци – единствена ваква понуда на домашниот пазар. Решението им овозможува на компаниите однапред да ги планираат своите трошоци и да ја намалат изложеноста на ценовните флуктуации.

„Стабилноста денес е подеднакво важна како и цената. Нашата цел е компаниите да можат да се фокусираат на развојот на својот бизнис, без неизвесност околу енергетските трошоци. Затоа развиваме производи кои носат долгорочна сигурност и реална додадена вредност“, вели Сарџовски.
Дигитализацијата како следен чекор
Паралелно со растот, ЕДС инвестира и во дигитализација на услугите. Новата веб-платформа, унапредените комуникациски канали и новите дигитални алатки се само првиот чекор во насока на создавање поедноставно и поефикасно корисничко искуство.
Следејќи ја дигиталната трансформација на PPC Group, компанијата планира дополнително да ги развива онлајн услугите, овозможувајќи им на клиентите побрз пристап до информации, понуди и услуги преку современи дигитални платформи.
„Енергетиката станува сè подигитална. Нашата визија е ЕДС да биде компанија која не само што обезбедува електрична енергија, туку и современи услуги што ќе им помогнат на компаниите поефикасно да управуваат со својата потрошувачка и своите енергетски ресурси“, нагласува Сарџовски.
Амбицијата останува иста – да бидеме прв избор за бизнисите

Во наредниот период ЕДС ќе продолжи да инвестира во нови производи, дигитални услуги и решенија кои ќе им помогнат на компаниите да работат поефикасно, поконкурентно и поодржливо.
„Нашата амбиција не е само да растеме. Нашата цел е да создадеме долгорочни партнерства со клиентите и да останеме компанија која ќе биде синоним за сигурност, професионалност и иновации на енергетски пазар. Веруваме дека токму тоа е правецот во кој ќе се развива современата енергетика“, заклучува Сарџовски.
