ОД КЕЛНЕР НА БРОД СТАНАВ ПЕЈАЧ: Необична приказна на тенорот Павле Камилоски
Пејачкиот талент го потиснувал во себе си уште од дете, а гласот почнал да го школува дури на 27 години. Тенорот Павле Камиловски на 19 септември, од 20 часот во МОБ, ќе го одржи вториот дел од концертот „Мала Италија патува“. На денешната средба со медиумите, оперскиот пејач ја раскажа својата необична приказна.
„Работев на брод, всушност тоа беше една поголема луксузна јахта, која пловеше низ Италија. Бев келнер, бармен и асистент на сомелиерот. На бродот се организираше пејачко талент шоу за персоналот. Колегите, кои ме има слушнато како пеам, ме убедуваа да се пријавам, но јас не сакав ниту да слушнам. Потоа ги послушав и донесов одлука: ако победам на ова шоу, ќе го школувам гласот. Така и беше. Имав среќа, победив. Тогаш решив дека по оваа пловидба, веќе никогаш нема да работам на брод и ќе почнам да се занимава со музика. Тогаш имав 27 години“, ни раскажа Камилоски.
Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.
