Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од идната година, државните службеници ќе посетуваат електронски курсеви

Од идната година, државните службеници ќе посетуваат електронски курсеви
Од идната година, државните службеници, задолжително ќе посетуваат нови електронски курсеви, кои имаат за цел континуирана едукација и подобрување на знаењата и вештините. Cекој вработен, годишно, ќе треба да помине минимум 30 часа електронска обука, информира денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. - Со тоа очекуваме ефикасноста, љубезноста, транспарентноста и услугата на јавната администрација да бидат на многу повисоко ниво - истакна Ивановски. Проектот е изготвен со британска поддршка, а ќе стартува на крајот од 2013. Први ќе го користат вработените во Министерството за информатичко општество и администрација. Курсевите се поделени на лекции за кои државниот службеник ќе има на располагање и македонска и странска литература. По секое завршување ќе се полагаат испити и ќе се доделуваат сертификати.
Слично

Поврзани вести