Од финтек до дигитална банка - IuteBank започнува со работа во Украина
IuteBank-дел од естонската групација Иуте, го заврши транзицискиот период и започнува официјално да работи како редовна банка на украинскиот пазар. Со ова започнува ново групациско поглавје и нов имплулс за развој на дигиталните услуги во регионот.
Иуте го докапитализираше IuteBank и успешно ја помина инспекцијата на Народната банка на Украина, со потврда дека ги исполнува сите регулаторни барања.
Транзицијата следи по добиениот државен тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, организиран од Фондот за гаранција на депозити.
Со официјалното започнување со работа, IuteBank ќе ги обезбедува основните услуги за своите постојни клиенти, вклучително депозити, трансакциски сметки и домашни инстант плаќања.
Извршниот директор на групацијата Тармо Силд, изјави дека влезот на украинскиот пазар како оперативна банка претставува важен чекор во експанзијата на брендот Иуте. „Успешното поминување на инспекцијата на Народната банка на Украина, завршувањето на транзицискиот процес и влезот на пазарот како оперативна банка претставуваат важна пресвртница за IuteBank во Украина. Нашиот фокус сега е насочен кон изградба на дигитална банка, која ќе обезбедува секојдневни финансиски услуги за клиентите во Украина, со целосна дигитална понуда планирана за почетокот на 2027 година,“ посочи Силд.
Влезот во Украина ја одразува долгорочната доверба на банкарската групација во финансискиот сектор на земјата и нејзината иднина како дел од европскиот економски простор.
Овој важен чекор има огромно влијание и за Иуте Македонија, како дел од регионалниот еко-систем на групацијата со супер-апликацијата Myiute во центарот на сите активности. Проширувањето на банкарските операции на нов пазар дополнително ја зајакнува стабилноста и експертизата на групацијата, додека за македонскиот пазар ова значи дополнително зајакнување на локалните капацитети за развој на платежни и дигитални услуги, особено во контекст на претстојното лансирање на Iute Pay, која како институција за за електронски пари и платежни услуги, минатата година доби зелено светло од Народната Банка на РСМ.
ПР објава