Од Џевахир скај сити соопштија колкав простор и за колкава сума ќе добие Иванов
Се огласија од Џевахир скај сити во врска со написите во медиумите за Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274м2 деловен простор изнесува 1950 евра“, информираат со соопштение.
Слично
