Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска трка за фискални сметки – почнува наградната игра на Владата

Од денеска трка за фискални сметки – почнува наградната игра на Владата
Од денеска, 1-ви декември, стартува владината наградна игра „Фискална во рака – наградата без мака“. За да учествуваат граѓаните во неа, потребно е да соберат 20 фискални сметки, без оглед на износот и да ги испратат на адресата на Државна лотарија. Во рамки на награднат игра ќе се доделуваат вредни награди како ЛЦД телевизор, паметни телефони, лаптопи, велосипеди. Во игра се и автомобили, стан и дуќан. Наградниот фонд за секое коло ќе биде 20.000 евра. Вкупно има девет кола. Првото извлекување е на 30.декември.
Слично

Поврзани вести