Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска престанува законската обврска за поседување на зимска опрема

Од денеска престанува законската обврска за поседување на зимска опрема

Од 16 март престанува важноста на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово. Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км. Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за ПМВ, а за ТМВ е забранет. Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување. На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.На овој дел сообраќајот се одвива успорено, пренесува АМСМ.

Слично

Поврзани вести