Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска престанува да важи мерката за условен увоз на пченица

Од денеска престанува да важи мерката за условен увоз на пченица
Од денеска престанува да важи заштитната мерка за условен увоз на пченица. Откако оцени дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања, Владата одлучи да ја укине. До крајот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно. Мерката за условен увоз на пченица беше воведена на 1 јули годинава за да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување. Таа предвидуваше за килограм увезена пченица да се откупат три килограми домашно жито, а за килограм увезено брашно, четири килограми домашна пченица. По воведувањето на мерката реагираше соседна Србија која во Македонија годишно извезува околу 50.000 тони пченица и до 40.000 тони брашно.  
Слично

Поврзани вести