Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од чешмите на кавадарчани конечно потече вода

Од чешмите на кавадарчани конечно потече вода
Откако поради голем дефект во водоводниот систем три дена останаа без вода, околу три илјади кавадарчани денеска добија вода за пиење, информира Cител телевизија. - Стануваше збор за голем дефект за кој беа неопходни големи земјени работи. Работевме напорно, максимално бевме ангажирани и најпосле го отстранивме дефектот - соопшти доцна синоќа раководителот на работната единица на Водовод и канализација при ЈП „Комуналец” од Кавадарци, Марјан Прескакулев. Без вода беа жителите од високата зона на градот, како и селата Шивец и Возарци и комбинатот „Фени”.
Слично

Поврзани вести