Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од бездомник и зависник стана сопственик на успешна компанија само за 5 години

Од бездомник и зависник стана сопственик на успешна компанија само за 5 години

Не постои такво нешто како безнадежна ситуација. Тоа го докажува историјата на Калиф Рафи, 46-годишен сопственик на синџир барови за сокови и свежо цедени сокови.

Денес Рафи е милионер. Само пред 13 години, тој бил зависник и алкохоличар, имал само 48 килограми, немал дом и живеел во беда, пишува Bright Side.

Блиските му помагаат да отиде во центар за рехабилитација. А таму пријател му дава идеја за бизнис. Рафи почнува да подготвува сокови, свежо цедени сокови и и смути за персоналот и другите пациенти. Сите се многу задоволни и постепено тој почнува да ги победува пороците од кои претходно мислеше дека нема да се спаси.

Само во рок од 5 години настојувањето расте и Рафи станува сопственик на синџир Фреш барови во Малибу. Неговата компанија се вика „SunLife Organics“ и нуди пијалоци со здравствени состојки како зеленолистен зеленчук, хималајска сол, исто и овошни коктели, кафе, замрзнат јогурт. Најпопуларниот производ се вика "Врколак" и е направен од банани и урми.

Меѓу обожавателите на пијалоците има и познати личности како фронтменот на Red Hot Chili Peppers Ентони Кидис и актерот Дејвид Духовни.

И покрај успехот Рафи не заборавил каде тргнал. Голем дел од вработените му се луѓе на кои тој им помогнал да се справат со зависности или други тешки проблеми.

Слично

Поврзани вести