Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 18-ти до 20-ти декември, прв предновогодишен вински базар во Бар Форца!

Од 18-ти до 20-ти декември, прв предновогодишен вински базар во Бар Форца!
По повод Св. Никола, Бар Форца го организира првиот вински базар,на кој од 18-ти до 20-ти декември, на едно место ќе можат да се најдат најдобрите вински вкусови од Македонија и пошироко по цени пониски и од супермаркет. Во предновогодишна атмосфера, од Бар Форца најавуваат и изненадувања во форма на подароци од винариите. IMG_4195 “Идејата е да ги разубавиме овие празнични денови, со вино за сечиј вкус и џеб. Токму затоа го организираме предновогодишниот вински базар, во деновите кога е актуелна прославата на Св. Никола. А токму за нив, винариите овозможија многу изненадувања, како убава честитка за поводот, но и за новата година. Веруваме дека на сите оние на кои ќе им биде потребно врвно вино за дома, на слава, или на име, истото од 18-ти до 20-ти, ќе го пронајдат на винскиот базар во Бар Форца”, велат од Форца, притоа упатувајќи отворена покана до сите љубители на квалитетното вино да го посетат настанот.” IMG_4208 Со ова продолжува винската супермаркет приказна во Бар Форца, елемент кој граѓаните го препознаа и го вклопија во сликата за ова место, кое повеќе од 10 години е омилена дестинација на Скопјани. Квалитетно вино, по супермаркет цени, е добитната комбинација за винските сладокусци, а винскиот базар е новогодишната честитка од Бар Форца до сите граѓани, како и честитка за сите оние кои го празнувааат Св. Никола. IMG_4210
Слично

Поврзани вести