ОБВИНУВАЊЕ: Пјонгјанг ја обвинува Америка поради прекини во Интернетот
Северна Кореја денеска ги обвини САД дека одговорни за прекините на интернетот со кој таа земја се соочува во изминатите неколку дена после спорот околу хакерскиот напад во мрежата на компанијата „Сони пикчрс“.
Во почетокот на неделата, главните интернет станици во Северна Кореја се соочени со прекини пораи, како што наведуваат американските компании, можни проблеми настанати после технолошки грешки или хакерски упад.
-САД со својата физичка големина и заборав од срам, како што тоа го прават децата играјќи жмурка, почнаа да сметаат на операциите на интернет на најголемите медиумиски куќи во Северна Кореја, се наведува во соопштението на севернокорејската Комисја за национална одбрана.
Во соопштението се додава дека постапките на САД се за потсмевање.
Северна Кореја повторно ги отвфрли обвинувањата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) дека е одговорна за хакерскиот упад во „Сони пикчрс“ , и од Вашингтон бара да изнесе докази за своите обвинувања.
