Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обучени преку 1000 наставници по математика на ниво на град Скопје

Обучени преку 1000 наставници по математика на ниво на град Скопје

Издавачката куќа Просветно дело секогаш се залага за развој и поддршка на наставниот процес во образовниот систем и во името на таа цел издаде збирки задачи по математика од прво до деветтоодделение. Збирките задачи се изработени во согласност со наставната програма по математика за основно образование и се корисна алатка и мотивација за успешна реализација на наставата.

 Вчера, денес и утре (3, 4 и 5 октомври), Просветно дело во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Скопје, организираат Обука за наставници по математика од прво до деветто одделение на тема - Насоки за користење на збирките задачи по математика од прво до деветто одделение и вреднување на постигнувањата на учениците.

Обуките се одржуваат во киното Синаплекс, во Скопје Сити мол, од 3 до 5 октомври, од 9 до 12 часот.

На крајот од обуката, слушателите се здобиваат со Сертификат.

 Со обуките по математика докажавме и покажавме дека користењето дополнителни дидактички материјали во наставата е неопходно средство за реализација на наставниот процес.



Слично

Поврзани вести