Обложувалниците се сигурни – Кејт очекува момче, па дури и му избраа име!
Само што Бакингемската палата ја потврди информацијата дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, повторно е бремена, британските обложувалници веќе предвидуваат дека новиот член на кралското семејство ќе биде уште едно момче.
Освен нагаѓања за полот на бебето, обложувалниците започнаа претпоставки и за тоа кое ќе биде неговото име.
Машко име кое во моментот „води“ е Џејмс со коефициент 5, а следат Алберт и доколку е девојче - Викторија со коефициент 9. На листата на можни имиња се и Чарлс, Томас и Александра.
Новиот член на британското кралско семејство ќе биде четврти во редот да ја наследи британската кралска круна.
Слично
