Облека вредна два милиони евра украдена од магацин на „Армани“
Десетмина Романци се осомничени дека од магацинот на дизајнерската куќа „Армани“ во Верона украле 1.400 парчиња облека во вкупна вредност од околу два милиони евра, соопштија од италијанската полиција.Оттаму посочуваат дека се работи за добро организирана криминална група, која успеала да го онеспособи алармниот систем и за многу кратко време да ја украде облеката.
По грабежот украдените парчиња облека биле пренесени во Романија од кадешто требало да бидат продадени на европските пазари. ж
Сепак, планот бил пробиен, а во заевичка акција со романските колеги досега се најдени 95 проценти од украдените парчиња облека, велат од италијанската полиција.
Слично
