Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

► Солидeн оперативeн резултат од 205 милиони евра

► Резултат за периодот по оданочување од 80 милиони евра

►Многу добри стапки на раст:

• Раст на кредитите од 4,4%

• Раст на депозитите од 11,3%

• Раст на вкупниот Биланс на состојба од 7,8%

►Одлична капитална основа – стапка на адекватност на капиталот од 21,3%

►Спојување на Bankhaus Krentschker: проширување на банкарството за физички лица 

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.


Слично

Поврзани вести