
За Денот на благодарноста четврта година по ред претседателот Обама им делеше харана на своите сиромашни сограѓани. Обама заедно со своето семејство застана на штандот во еден од најголемите затворени пазари во Вашингтон и започна да им дели пакети со храна на бездомниците и на останатите Американци со финансиски проблеми. Од неговата канцеларија соопштија дека во вреќите со храна имало овошје и зеленчук, а за најмладите имало кутии со бонбони, специјално дизјанирани со сликата на Белата куќа.