Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Њу Момент“ на Cannes Lions 2015 се закити со “Сребрен лав“

„Њу Момент“ на Cannes Lions 2015 се закити со “Сребрен лав“

Агенцијата Њу Момент Њу Идеас Компани од Скопје повторно е на самиот врв од креативната светска индустрија носејќи и на Македонија уште едно ново “лавче“ од најпрестижниот светски креативен фестивал Cannes Lions !

Кампањата “Црвен Телефон“ реализирана во март годинава за телевизија Телма избори свое место на победничкиот подиум помеѓу 1 969 проекти кои беа пријавени во категоријата “PR Lions” и освои “Сребрен лав“ – злато вреден

Сопственикот на Њу Момент, г-дин Сашо Пешев, во изјава за Маркетинг365 веднаш по доделувањето на наградата изјави : “Навистина сме горди на наградата и докажавме дека титаниумскиот лав не беше случајност. Ова е трет Кански лав за Македонија – што е навистина реткост во регионот ! “

Во продолжение погледнете ја студијата на случај за кампањата “Црвен Телефон“ :

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YMGg_vwOaZs[/embed]

Гранд При наградата во оваа категорија им припадна на  MSL Group NY и Leo Burnett Toronto за кампањата за Procter & Gamble – Always “#Like A Girl”.

На овогодинешното издание на Cannes Lions, вкупно во сите категории беа пријавени дури 40 133 кампањи.

(ИЗВОР:Маркетинг365.мк)

Слично

Поврзани вести