Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новогодишни понуди: T-Home и T-Mobile со нови промотивни пакети

Новогодишни понуди: T-Home и T-Mobile со нови промотивни пакети
T-Home и T-Mobile ја започнаа Новогодишната еуфорија со празничните понуди. Од компанијата соопштуваат дека за сите нови корисници во тек е кампања, со која ќе можат да уживаат во  телевизијата MaxTV во еден од пакетите  3 Max и 2 Max по одлични цени (2 Max од 799 ден. и 3 Max од 1 199 ден.), како и дека сите нови MaxTV корисници добиваат 3 месеци бесплатно гледање на најдобриот филмски пакет HBO и ексклузивната видеотека HBO on Demand. Исто така продолжува можноста за сите корисници да купат Sony или LG, LED телевизор на 48 рати преку нивната телефонска сметка, почнувајки од 489 денари месечно.

Празничната постпејд понудата вклучува пакет од 499 денари месечно со неограничени разговори во мрежата на T-Mobile и T-Home, неограничен 3G интернет со брзина до 42 mbps, вклучени бесплатни разговори кон другите мрежи и смартфони од само 1 денар.

Со промотивниот бизнис пакет од 499 денари,  се добиваат бесплатни разговори кон сите мрежи, неограничени разговори во рамки на компанијата, неограничен 3G интернет и смартфони од 1 денар, а пакетите за постпејд и бизнис може да се активираат до 31.01.2013, а да се користат додека трае договорот. Припејд корисниците добиваат 400 бесплатни минути за разговори со сите T-Home и T-Mobile пријатели со неделен припејд пакет за 99 денари и телефони за 1 денар.  Неделните припејд пакети се активираат на бесплатниот број 1460 или преку Мојот T-Mobile, а можноста за телефон од 1 денар е  во припејд Доверба.
Слично

Поврзани вести