Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ново катче на Виталиа со нутриционистичко советување за време на велигденските пости

Ново катче на Виталиа со нутриционистичко советување за време на велигденските пости

По отварањето на продавницата за здрава храна во City Mall, Виталиа продолжува со инвестирање во своите продажни објекти.

Најново освежување се случи во продавницата на ул. 50-та Дивизија, под Клиничкиот центар каде со проширување и ново ентериерно уредување се овозможи зголемување на асортиманот и креирање на нутрицинистички катче наменето како советувалиште за потрошувачите. Со препознатлив и уникатен имиџ продажниот салон на Виталиа е модерна и урбана станица за набавка на здрава храна во градот.

vitalia1

Во новиот простор граѓаните ќе можат да се снабдат со широка палета од над 400 здрави продукти од категоријата на диететика и суплементи, органски производи, безглутенски и макробиотски производи, житни продукти.

Виталиа е повеќе од две децении присутна на пазарот, наметнувајќи високи стандарди за презентацијата на производите. Токму затоа одлучивме да му дадеме нов лик на овој продажен салон. Реновираниот простор има поширок изложбен дел, со внимателна категоризација на производите, со што на потрошуваќите им овозможивме вистинско шопинг задоволство- велат од компанијата.

Новитет во продажниот салон на Виталиа е и воведувањето на бесплатно нутриционистичко советување со Др. Нела Деспотовска, доктор по општа медицина и нутриционист во компанијата.

vitalia2

Др. Деспотовска за време на престојните Велигденски пости ќе им излезе во пресрет на граѓаните со совети за нивната исхрана и имплементација на здрав начин на живот. Советувањето ќе се оддржува секоја среда од 12:00 до 14:00 часот, почнувајќи од 25-ти февруари и ќе трае се до 8-ми април 2015 година.

Слично

Поврзани вести