Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новитет од Вибер: Видео повици

Новитет од Вибер: Видео повици

Новата пета верзија на Вибер, апликацијата за размена на гласовни пораки и гласовни повици преку интернет, доби можност за видео повици, како и делење на контакти по пат на  QR кодови.

Пред да стане дел од апликација, опцијата на видео повици по пат на мобилни уреди беше во фаза на тестирање цели две години, а претходно беше имплементирана во десктоп опцијата на Вибер.

Освен видео повикот, во верзијата на апликацијата за  iOS и Андроид уреди, новост е и воведувањето на QR кодови по пат на кои можат да се споделуваат контакт податоци со другите корисници.

 Вибер до крајот на годинава најави уште три надоградувања на аликацијата, кои помеѓу останатото ќе содржат и игри.

На почетокот на годината јапонската компанија Ракутен го превзеде Вибер, плаќајки го 900 милиони долари.

 
Слично

Поврзани вести