Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИТЕТ: Електричен автопат - ги полни возилата

НОВИТЕТ: Електричен автопат - ги полни возилата

Шведска е првата земја во светот која има електричен автопат кој ги полни батериите на возилата додека се движат. Овој дел се протега на скоро 2 километри од автопат во близина на Стокхолм.

Агенцијата за јавни патишта веќе ги има мапирано следните локации за електричните автопати. Државата се надева дека ќе го надмине проблемот со полнењето на електричните возила.

Електричниот автопат е поделен на делови од по 50 метри. Кога возилото ќе застане, прекинува и дотокот на струја. Овој систем може да ја пресмета и користењето на енергија на возилото. Со оваа информација, цената на електричната енергија може да му се припише на секој корисник на возилото. Овој метод овозможува батериите да бидат помали. Освен тоа се намалуваат и трошоците за производство и одржување.

Слично

Поврзани вести