Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новите ракометни ѕвезди доаѓаат!

Новите ракометни ѕвезди доаѓаат!

Охрид во јуни ќе биде град-домаќин на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

kire i art

Кампот ќе се одржува во две смени во комплексот на хотелот „Аквалина“: првата од 17 - 23 јуни, а втората од 24 - 30 јуни.

По тој повод организаторите на кампот заедно со соработниците се собраа во Сити Мол и ја обелоденија замислата за овогодинешната програма на која ќе земат учество стотици млади ракометари од цела Европа.

Ѕвезда на денот секако, беше Кире Лазаров кој посочи колку голема чест му преставува тоа што овој проект продолжува и оваа година благодарение на повеќе компании.

Се обрати и Роберт Јакимовски, техничкиот директор на градежната компанија Голден Арт, која се јавува како една од главните фирми-помагатели на овој камп.

kire i art1„Со Кире делиме исти вредности, како компанија во многу наврати сме ги помагале младите и во ниеден момент не се двоумевме дали да бидеме партнери при организацијата на овој одличен проект", изјави Јакимовски.

Се надеваме дека примерот на Кире Лазаров и Голден Арт ќе го следат многу други македонски спортисти и успешни фирми и дека ќе ја увидат потребата и перспективата во инвестирање и градење на успешна спортска иднина во нашата држава.

Слично

Поврзани вести