Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор
Телекомуникацискката компанијаВип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда. Лоцирана во центарот на Скопје, на Плоштадот “Пресвета Богородица”, новата деловна зграда на Вип има 8 ката и располага со 8400 м2 корисен работен простор за повеќе од 830 вработени.
Новата деловна зграда на Вип е конципирана во согласност со последните трендови за уредување на деловните простории и користење на напредна технологија, односно е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност, но и на севкупната филозофијата за поттикнување на агилноста како појдовна точка во креирање на високо ниво на задоволство на вработените, а следствено на тоа, пресретнување на потребите на корисниците и осигурување на супериорно корисничко искуство.

Во новата зграда на Вип за формалните и деловни средби, на располагање за вработените се повеќе од 40поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, како и простории за видео и теле конференции опремени со врвна технологија. За неформалните средби, на вработените им се достапни повеќе отворени позиции, т.е. „фокус соби“ кои се наменети за кратки и брзи состаноци, а пак за дружење и релаксација, новите простории располагаат со кујни на секој од катовите, соба за релаксација, како и кантина.

Во рамките на новиот простор е сместен мултимедијален и мултифункционален центар, со доволен капацитет да излезе во пресрет на потребите на компанијата за директна комуникација со вработените, или пак медиумите, а во насока на промовирање на транспарентноста и отвореноста на компанијата за соработка со сите засегнати страни.
Концептот на „агилна организација“, инаку, подразбира култура на однесување и работење која има за цел да ја зголеми продуктивноста и транспарентноста на компанијата, и тоа од секој аспект на деловното работење. Тоа подразбира поддржување на поголема флексибилност во работењето, создавање отворена работна средина без прегради и ограничувања, вклучително и за топ менаџментот, поттикнување поголема мобилност на вработените и што повеќе можности за тимска работа.

Во насока на поддршка на младите ентузијасти и креативци, Вип ги отстапи внатрешните ѕидови на секој кат, на неколку графити артисти кои ја поттикнуваат креативноста и позитивното расположение на вработените. Со ова Вип дополнително го потенцира невообичаениот пристап кој им го нуди на своите вработени.
