Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новиот Ајфон во Србија доаѓа на 31 октомври

Новиот Ајфон во Србија доаѓа на 31 октомври

Компанијата Епл денеска најави дека своите ударни модели на смартфоните, Ајфон 6 и 6 плус, премиерно ќе ги претстави во 36 нови земји во светот во петокот на 31 октомври, а меѓу нив е и Србија.

Ајфон 6 и  Ајфон 6 плус ќе бидат достапни во вклупно 69 земји до крајот на месецот, а планот на Епл е до крајот на годината бројот на земји да биде 115.

 Распоред на појавување на Епловите телефони по земјите и датуми:

-петок 17 октомври: Кина, Индија и Монако

-Четврток 23 октомври: Израел

-Петок 24 октомври: Чешка, Гренланд, Малта, Полска, Јужна Африка

-Четврток 30 октомври: Бахерин и Кувајт

-Петок 31 октомври: Албанија, Босна, Хрватска, Естонија, Грција, Унгарија, Исланд, Косво, Летонија, Литванија, Макао, Македонија, Мексико, Молдавија, Црна Гора, Србија, Јужна Кореја, Романија, Словачка, Словенија, Украина и Тајланд.

Слично

Поврзани вести