Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови сорти ориз за поголем пласман во соработка со ТИКА

Нови сорти ориз за поголем пласман во соработка со ТИКА

Производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ ќе се развива во Македонија, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот.

Ќе се спроведува проект, чија основа е протоколот за соработка што денеска во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан.

- Се планира да се набават нови семенски сорти и генотипови ориз за истражувачки цели од Турција погодни за агро-еколошките услови во Македонија, рече Димовски, изразувајќи благодарност до ТИКА за големата поддршка што ја дава на земјоделскиот сектор во Македонија.

За следење и реализација на двегодишниот протокол ќе се формира управен комитет со претставници од Турција и од Македонија. Комитетот ќе заседава најмалку двапати годишно, а со него ќе претседава македонскиот министер за земјоделство.

Според Маскан, проектот е продолжение на соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно, посочи, се реализираше проект за  развој на пчеларството, што успеа да влезе меѓу првите десет од страна на  УНДП.

ТИКА има 14 претставништва на Балканот и во Централна Европа, преку кои реализира различни проекти, со цел размена знаења и искуства и соработка во областа на сточарството, пчеларството, органското земјоделство, шумарството.

Слично

Поврзани вести