Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови работилници во детскиот клуб во Скопје сити мол

Нови работилници во детскиот клуб во Скопје сити мол
Секој месец во City Kids Club или детскиот клуб на вториот кат во Скопје сити мол, кој е наменет за забава и едукација на деца од две до 14 години, ќе се организираат бројни работилници, претстави и предавања на различни теми. Клубот ќе функционира за време на викендите, од 11 до 18 часот преку целата година. Работилницата на Дедо Мраз е темата за декември која ќе провејува во речиси сите активности во рамки на клубот. Формирањето на ваков клуб претставува долгорочна стратегија на Скопје сити мол за третман на две целни групи, деца и родители. Преку континуирано членство, децата поделени во три возрасни групи, од две до пет, од 6 до 10 и од 11 до 14 години ќе може да се едуцираат и забавуваат. Детскиот клуб во својот концепт ќе вклучи и детска клуб картичка преку чие членство ќе можат да се користат поволности во продавниците во трговскиот центар.
Слично

Поврзани вести