Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила за користење на пасиштата во државна сопственост

Нови правила за користење на пасиштата во државна сопственост
Пратениците во Собранието денеска ја завршија расправата по измените и дополнувањата на Законот за пасишта со кои се уредуваат условите, начинот и постапката за давање на користење на пасиштата во државна сопственост. Измените овозможуваат регулирање на правото на користење на пасиштата во државна сопственост кои досега не се дадени на користење на корисниците на пасиштата и го немаат регулирано ова право. Според предлагачот, новините носат потранспарентен процесот за давање на користење на пасиштата во државна сопственост. Така со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта се регулира начинот на давање на користење на пасиштата во државна сопственост со кои стопанисува Јавното претпријатие за пасишта, се дефинира постапката за давање на користење на пасишта во државна сопственост, со утврдување содржина на Јавниот оглас, се дефинира правото на учество на јавниот оглас, критериумот за избор на најповолен понудувач, постапката на отварање на понудите, евалуација и Предлог за избор на најповолен понудувач. притоа се регулира начинот на кој се носи одлуката за избор на најповолен понудувач, а се дефинира начинот на водење регистар на државните пасишта.
Слично

Поврзани вести