Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови канали за тие што гледаат телевизија преку „Близу“

Нови канали за тие што гледаат телевизија преку „Близу“
Телекомуникацискиот оператор за двегодишнината од своето постоење на македонскиот пазар, го воведе комплетното портфолио на Discovery, вклучувајќи македонски превод на каналите и бесплатни КА модули за корисниците на HD пакетот. Почнувајќи од денес, Телекомуникацискиот оператор „Близу“ додаде уште 4 нови канали од платформата на Discovery во својата програмска понуда, од кои три со висока резолуција.  Каналите TLC, Animal Planet HD,  Discovery Science HD и Discovery Showcase HD отсега ќе бидат бесплатно вклучени во дигиталната платформа на операторот, без никаква дополнителна доплата за нив. Со додавањето на овие канали, „Близу“ е единствениот оператор во Македонија кој го има интегрирано целосното портфолио на најгледаната платформа на канали во Македонија, Discovery. Истовремено, во каналите Discovery, TLC, Animal Planet и Animal Planet HD ќе биде вклучен македонски превод. „Дополнувањето на дигиталната платформа со 4 нови канали и бесплатните КА модули  се само продолжување на тековните есенски промотивни понуди и истовремено се и добар начин да го одбележиме вториот роденден на „Близу“  во Македонија“, изјави Искра Секуловска, маркетинг директор. „Близу“ е оператор присутен во земјата од 2011 година, кој на телекомуникацискиот пазар нуди пакети со три услуги кои се на специјални промоции во тековниот период.
Слично

Поврзани вести