Новaтa Шкода Октавија пристигна и во Македонија
Автомобилот прогласен за „Најдобар дизајн на годината" од страна на списанието„AutoDesign & Styling" генералниот импортер за Шкода- Порше Македонија го донесе и во земјава. Еден од најпродаваните и најпопуларни модели на Шкода сега има поголем простор, иновативна безбедност, поелегантен дизајн, висока функционалност, и како што посочуваат од компанијата, овозможува пријатно возење по одлична цена.
Автомобилот има пет ѕвезди на „Euro NCAP“ тестот, кој потврди дека новата Шкода дава одлична заштита за патниците и за пешаците и има бројни помошни системи за безбедност. Опремен е со девет воздушни перничиња, а за прв пат во моделот се вградени и воздушни перници за колена од страна на возачот, што е задолжително за земјите членки на ЕУ, како и странични воздушни перничиња.
„Понудата на мотори се состои од четири најсовремени TSI турбо бензици (од 1.2, 1.4 и 1.8 литри) и веќе докажаните четири турбо - дизел мотори со Common - rail систем на вбризгување (1.6 и 2.0 литри), а ќе може да се одбере помеѓу рачен или DSG менувач. Во споредба со своите претходници, моторите се многу помоќни и поефикасни, а потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови е намалена за дури 19 проценти. Како најекономична се издвојува GreenLine верзијата, која има потрошувачка од само 3,4 литри гориво на 100 километри и емитува CO2 од само 89 g/km“, посочуваат од компанијата.
Третата генерација на Октавија нуди омфорен простор за пет патници. Има должина од 4.7 метри, широчина од 1,8 метри, како и најголем багажен простор во класата со волумен од 590 литри. Внатрешноста е надополнета со најмодерни технолошки додатоци, високо-квалитетни материјали, беспрекорна финална изработка и нов мултимедијален систем преку кој можат да се менуваат параметрите на возилото.

Слично