Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата опција на Фејсбук може скапо да ве чини

Новата опција на Фејсбук може скапо да ве чини

Фејсбук неодамна на своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во „њус фид“. Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојдат, може да се случи истата да им направи големи сметки за телефон, бидејќи е потврдено да троши голема количина на податоци за пренос.

Портпаролот на компанијата Фејсбук изјавил дека се труди видео снимките да се трошат што помалку податоци за пренос, што сепак и не е случај, но на секоја среќа оваа опција е можно да се исклучи во само неколку чекори.

Доколку користите ајфон се што треба да направите е да одите во „Settings“, да го пронајдете Facebook  и да ја отворите оваа опција. Потоа одите во  „Settings“, па во „Auto-play“ и да ја изберете опцијата „Off“ или „Wi-Fi only“.

Сепак доколку користите андроид, отворете ја Фејсбук апликацијата, одете на подесувања, и кликнете „App Settings“, и потоа одберете ја опцијата  „Wi-Fi only“ или „Off“.

На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да ви пристигне непријатно „изненадување“ во вид на астрономска сметка за вашиот мобилен телефон.

Слично

Поврзани вести