Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата лабараторија на Нокиа на ФИНКИ ќе поттикне развој на мобилни апликации

Новата лабараторија на Нокиа на ФИНКИ ќе поттикне развој на мобилни апликации
Првата Нокиа лабараторија на Балканот за мобилни технологии денеска е отворена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Лабараторијата е отворена од страна на една од водечките компании во областа на мобилните и информатичките технологии. На студентите ќе им овозможи да бидат побиску до најнапредните технологии, а ќе имаат можност и да ги продаваат своите апликации. Најдобрите и најкреативните апликации во зависност од комплицираноста и видот ќе добиваат грантови во висина од 20, 50 и 70 илјади евра. Вкупниот грант за Македонија изнесува 1,2 милиони евра. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со оваа лабораторија ќе им се помогне на македонските студенти да бидат поблиску до светските технологии, а преку развивањето на апликациите ќе им се овозможи да бидат поконкуретни не само на домашниот, туку и на светскиот пазар. „Пристапот што го нуди Нокиа на приватниот сектор и на студентите бесплатно да ги промовираат своите апликации е од огромна вредност. Лабораторијата ќе им овозможи на студентите и на приватниот сектор да користат бесплатно технологија којашто е многу скапа“, истакна Ивановски. Деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов изрази надеж дека лабораторијата ќе биде поттик за студентите повеќе да се вклучат во развојот на апликациите, но и да може да ги продаваат истите. „Покрај тоа што студентите учат за технологии како да ги развиваат апликациите, сега ќе имаат можност да научат и да имаат пристап и до ресурси коишто значат понатамошно маркетирање на апликацијата и нејзино продавање“, рече Трајанов. Претставниците на Нокиа и Мајкрософт изразија задоволство од соработката со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Слично

Поврзани вести