Новата, барокна, зграда на АЕК достигна фантастични 10 милиони евра
Дополнителни еден милион евра ќе се издвојат за изградбата на административната зграда на Агенцијата за електронски комуникации, како дел од проектот „Cкопје 2014“, пишува Утрински весник.
Досега, за овој објект се издвоени 10 милиони евра, ако се има предвид основниот договор за изградба, кој беше вреден околу 8,5 милиони евра, а за внатрешното уредување Агенцијата склучи договор во вредност од 1,2 милиони евра.
И дополнителните работи за кои АЕК го склучи неодамна анексот, ќе ги изведува ГП „Гранит“.
„Договорот е склучен со преговарање без претходно објавување оглас бидејќи таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“ - стои во образложението на потпишаниот анекс, кој е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, наведува Утрински.
Слично
