Новак Ѓоковиќ ќе стане почесен граѓанин на Будва
Советот на општина Будва едногласно ја усвои одлуката за започнување постапка за прогласување на Новак Ѓоковиќ за почесен граѓанин на градот.
„Славниот српски тенисер е познат во светот како личност која шири љубов меѓу луѓето, солидарен е и придонесува за унапредување на демократските вредности,“ стои во соопштението на општината.
Постапката за прогласување на Ѓоковиќ за почесен граѓанин требаше да биде започната во 2014 година, но поради апсења на членови на советот, таа се одложи.
Слично
