Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ВЛАДИНА МЕРКА: Ќе се субвенционираат каматите за ИПАРД кредити

НОВА ВЛАДИНА МЕРКА: Ќе се субвенционираат каматите за ИПАРД кредити

На денешната прес конференција пред почетокот на годинашниов Агро-бизнис форум министерот Михаил Цветков најави нова владина мерка која ќе ги поддржува ИПАРД проектите.

Имено, Цветков најави дека од следната 2016 година ќе стартува субвенционирање на каматните стапки за ИПАРД кредити.

Целта, како што информираше министерот е да поголемо искористување на средствата од ИПАРД.

Оваа мерка ќе важи за сите корисници на ИПАРД средствата  кои имаат потпишано договор со Платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија, истакна Цветков образложувајќи дека државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за вредност на кредит не поголем од 500.000 илјади евра.

Ширум земјава до 25-ти овој месец же се одржуваат инфо денови каде сите заинтересирани ќе може подобро да се информираат и да ги разберат овие мерки.Во јули годинава Владата соопшти дека ќе субвенционира половина од ратата за кредитите за ИПАРД проектите за оние земјоделци кои беа зафатени од поплавите годинава и поткнуваат од Могила, Новаци и Босилево .

Тогаш министерот Цветков посочи дека ова е солдина камата од 2 до 4 посто  што ќе треба да ја плаќаат земјоделците бидејќи каматните стапки во  комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти а профитот е мал.

Слично

Поврзани вести