Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова технологија која открива рак од капка крв за 3 минути

Нова технологија која открива рак од капка крв за 3 минути

Јапонски научници развиле технологија која овозможува од една капка крв да се утврдат онколошки заболувања во рана фаза во рамки на три минути.

„Технологијата овозможува да се утврди само со една капка крв малигнитет и да се воспостави во ран стадиум на рак на желудникот, дебелото црево и на панкреасот само за три минути. Таква технологија нема никаде во светот“, изјавил Кацуноки Хасегава - научен соработник во компанијата која заедно со болницата Теиосно ја развиле новата технологија.

Компанијата има развиено посебна метална плоча со посебен состав. При поставување врз неа на капка крв од пациент со малиген тумор и со обработката со ултравиолетови и други видови зрачење почнува да свети, а крвта на човек со бениген тумор не зрачи светлина.

„Тоа е апсолутно ново достигнување во светот. Овој метод е лесен за употреба и може да започне да се користи во секоја болница“, изјавил Хасегава.

Слично

Поврзани вести