Нова реколта! Засадена лутата пиперка во Струмичко
Почна расадувањето на лутата пиперка под пластеници во струмичкото село Банско, каде раноградинарите веќе традиционално први почнуваат со новата реколта.
Расадот од лута пиперка се сади во оранжериите и пластениците кои се загреваат со топлата вода од изворите во атарот на селото или со огревни дрва.Најшесто се сади лутта пиперка од холандиската сорта „фортесе” која веќе е одомаќинета мегу градинарите од Банско кои се надеваат дека временските услови ќе бидат на нивна страна и полесно ќе ја минат зимата.
По расадувањето на лутата пиперка, вече на почетокот на февруари ќе почне расадувањето и на доматите, раниот компир и раната зелка.
Слично
