Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова победа за Академија Пандев: Освоена арената „Филип Втори“, совладан Работнички

Нова победа за Академија Пандев: Освоена арената „Филип Втори“, совладан Работнички

Академија Пандев со уште еден одличен натпревар и нова победа, овој пат на гостински терен, на арената „Филип Втори“ против ФК Работнички со 2:1. 

Домаќините први постигнаа гол преку Гофри во 8. минута од мечот, но нашата екипа смогна сили во натпреварот, не се откажа и упорноста резултираше со нов успех. 

Прво беше направен пенал, а сигурен реализатор беше Јани Атанасов кој во 27. минута донесе изедначување на 1:1. Со тој резултат се замина и на полувреме. 

Во вториот дел интензивна игра на нашата екипа, која во 75. минута резултираше со нов гол, овој пат за победа, стрелец беше Александар Мишов. 

Ова е четврти триумф за нашата екипа, по победите над ФК Скопје (2:0), Ренова (1:0) и против Пелистер (2:0). 


Слично

Поврзани вести