Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова локација на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Тетово

Нова локација на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Тетово

ЕВН Македонија денес го отвори новиот Кориснички енерго центар во Тетово за корисниците во овој реон. Новиот објект кој се наоѓа на Булевар Илирија бб, е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено. За сите корисници е овозможен и полесен пристап до КЕЦ-от, со соодветен паркинг простор.

Promocija na novite prostorii na Korisnichkiot Energo Centar naEVN Makedonija vo Tetovo „Во последните години ЕВН Македонија воведе голем број на услуги со цел да им помогне на корисниците  навремено да ги добиват фактурите за електрична енергија, како и да ги плаќаат на брз и ефикасен начин преку  соодветните банки, но и електронски без да чекаат ред во банка, пошта или во наплатните пунктови на ЕВН Македонија.  И покрај тоа,  постојат одредени услуги за кои нашите корисници мора да се обратат во КЕЦ-от. Новата локација на КЕЦ Тетово и новите простории треба да ги исполнат очекувањата на корисниците. Тие на ова место треба да се чуствуваат добредојдени, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-ин Штефан Петер.

 G. Shtefan Peter Pretsedatel na Upravniot Odbor na EVN Makedonija

Во последните две години, ЕВН Македонија инвестираше повеќе од 5.3 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Тетово. Реконструирани или изградени се нови 80 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и  мрежа во должина над 80000 м.

ЕВН Македонија ќе продолжи да инвестира во Тетово, како и во другите локални заедници.

Слично

Поврзани вести