Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова канцеларија на соработката Долна Нормандија-Македонија

Нова канцеларија на соработката Долна Нормандија-Македонија

На 25 април во Скопје ќе се отвори новата Канцеларија за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија. Канцеларијата ќе биде отворена од страна на г. Лоран Бове, Претседател на Регионот Долна Нормандија и г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадорка на Р. Франција во Македонија.

Отворањето ќе се одржи во сабота, на 25 април во 12.30 часот во Канцеларијата за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија на адреса: Бул. Партизански одреди 43б / 5, 1000 Скопје.

Канцеларијата за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија е координативно тело на соработката помеѓу овој француски регион и Македонија. Таа има значајна улога во поврзување на партнери од двете територии и развивање на заеднички проекти. Оваа година се одбележуваат 10 години од почетокот на оваа соработка. До сега во рамките на соработката се реализирани над 100 размени, проекти и партнерства помеѓу општини, здруженија на граѓани, културни и образовни институции.

Институционални партнери на програмата за соработка се Министерството за локална самоуправа на Македонија и Регионот Долна Нормандија. Соработката е поддржана од Француското министерство за надворешни работи на Франција и Француската амбасада во Македонија. Програмата е координирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА).

Канцеларијата на соработката во Скопје претставува и локална канцеларија на АЛДА. Оваа европска мрежа на локални власти и здруженија на граѓани има седишта во 5 европски земји меѓу кои и Скопје. Локалната канцеларија во Скопје дава значаен придонес за промоција на меѓународната соработка на македонските општини.

Слично

Поврзани вести