Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова инвестиција во фабриката на Адинг во Перник, Р. Бугарија

Нова инвестиција во фабриката на Адинг во Перник, Р. Бугарија

Фабриката отворена во 2009-та година во Перник, Р. Бугарија, е фокусирана на производство на адитиви за бетони и малтери.

IMG_0148 (Medium)

Со цел понатамошен развој и проширување како на производството, така и на кадарот, годинава беа инвестирани 250.000 евра за реконструкција на просторот и проширување на производните капацитети.

IMG_0174 (Medium)

Постоечката линија за производство на течни производи е дополнета со нова полуавтоматска линија за производство на прашкасти производи со проширување на објектот за нови 1400m2.

IMG_0192 (Medium)

Со оваа инвестиција, фабриката моментално е со вкупна површина од 3200м2, од кои, околу 50% од просторот се користи за производство и затворено складирање на прашкасти производи, репро материјали и готов производ, а остатокот е отворен простор за складирање на течни производи.

IMG_0193 (Medium) IMG_0216 (Medium)
Слично

Поврзани вести