НОВА ГОДИНА: Еве кој сѐ ќе настапи во Скопје за дочекот на 2016-та
За дочекот на Новата година, скопјани ќе можат да се забавуваат на повеќе музички настапи. Оваа новогодишна ноќ на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе настапат Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска.
Ова го најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој изрази и благодарност до спонзорите на музичката програма Македонски телеком, Пивара Скопје и Сити Мол.
Во Општина Центар пак, организираат дводневна новогодишна програма. Планирано е за дочекот на 2016-та жителите да ги забавуваат Дубиоза Колектив и Кирил Џајковски.
Во рамките на манифестацијата 30 ти декември ќе настапат и Суперхикс, The Sound messengers, и Day off .
Слично
