Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова форензичка лабораторија доби МВР

Нова форензичка лабораторија доби МВР
Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска доби нова форензичка лабораторија за компјутерски вештачења. Со овој проект за хардверско и софтверско опремување во областа на компјутерската форензика се набавени голем број хардверски и софтверски компоненти. Поголемиот дел вклучуваат набавка на форензички станици за работа во лабораториски услови, набавка на лап топ компјутери кои се користат претежно во теренски услови, на ултраблок китови кои се состојат од врајт блокери во различни видови медиуми доставени за анализа, како и форензички софтвери кои се користат за  анализа на компјутерска опрема што е предмет на кривични дела.

-Оваа лабораторија се уште е во својот развој, а развојот на информатичката технологија доведе до појава на различни видови уреди и медиуми неопходни за анализа,изјави Катерина Јовановска, раководител на отсекот за информатичко-криминалистички испитувања во делот за криминалистичка техника при МВР. Таа смета дека е потребно лабораторијата континуирано да се развива не само со набавка на хардверски и софтверски компоненти, туку и со обука на кадри. Се очекува во иднина лабораторијата да прерасне во акредитирана лабораторија на ниво на оние кои работат во останатите европски земји.

Отсекот за информатичко-криминалистички испитувања во МВР врши анализа на компјутерска опрема што е предмет на кривични дела. Целта на овие анализи е да се пронајдат електронските докази, да се интерпретираат пред судските органи за нивна понатамошна постапка.

 
Слично

Поврзани вести