Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова филијала на Кроација Осигурување и во Гостивар

Нова филијала на Кроација Осигурување и во Гостивар

Септември е месец на почетоци па после отворањето на нова филијала на Кроација Осигурување во Тетово, денес жителите на Гостивар добија нова филијалата каде ќе можат да се осигураат од повеќе видови на ризици, да го заштитат својот дом, возило и здравје со еден од пакетите за приватно здраствено осигурување и осигурани да отпатуваат на саканите дестинации.


Филијалата на Кроација Осигурување во Гостивар се наоѓа на ул. Илинденска бб.


Сите граѓани кои имаат потреба од осигурување можат да ја посетат новата филијала и да ги искористат тековните летни акции.

Во моментот мрежата на филијали на Кроација Осигурување АД Скопје брои 23 филијали, од кои 6 во Скопје, а останатите распространети во 17 градови низ Републиката. Со отворањето на нови филијали и реновирање на постоечките Кроација Осигурување континуирано се посветува на подобрување на квалитетот на услугите, со цел задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин.

Слично

Поврзани вести